Splashback е нов иновативен бренд кој има за задача да додаде нова вредност на вашиот простор и поставува нови повисоки стандарди за квалитет на живот.
    Користејќи стакло да се исполни просторот помеѓу висечките елементи и работната површина во кујната Splashback обезбедува: модерен, чист и елегантен изглед на просторот, притоа поради одсуство на составни елементи кои најчесто се од порозен материјал Splashback обезбедува неспоредлива хигиена и леснотија за одржување.
    Производ кој многу лесно се монтира: при набавка на овој Splashback нашиот тим е во состојба истиот да го монтира за помалку од еден час и притоа да не се користи кршење бушење и други постапки кои како последица предизвикуваат голема бука, нечистотија и неред со кој подоцна треба да се справите.
    Производ кој е многу траен: Splashback е инверзно отпечатен што значи дека површината која е изложена е стакло и како таква е поотпорна од било кој друг материјал на: абразија, хемиски влијанија и механички оштетувања.
    Неспоредлив дизајн: кај овој производ покрај нашата голема библоитека можете да изберете еден од милионите дизајни лесно достапни на интернет па дури и сами да создадете своја лична креација, ова е производ кој секогаш совршено ќе се вклопи во вашиот простор, производството на вашиот Splashback е направено според вашите потреби и мерки.