Тука можете да најдете некои почесто поставувани прашања за глас панелите. Можете и да не исконтактирате ако имате некои други прашања!
Зошто стаклото треба да биде калено?
Каленото стакло е многу поотпорно на физички влијанија, процесот на калење ги отстранува сите иницијални пукнатини кои настанале во процесот на обработка на стаклото, покрај тоа калењето на стаклото ја зголемува цврстината и жилавоста на стаклото со што можноста за кршење на веќе монтирано стакло е сведена речиси на нула.
Што е разлика помеѓу обично и екстра клиер стакло?
Обичното стакло содржи железо кое му дава зеленикава боја на истото, кај стаклата кај кои треба да преовладуваат светли нијанси или треба да бидат бели, употребата на прочистени стакла е неопходно поради боедначеноста на боите, доколку се користи обично стакло сите тонови кои се користени во дизајнот на истото ќе бидат поместени кон зелено.
Како може да се одржува стаклото?
Печатеното и каленото стакло имаат исти хемиски карактеристики како и обичното стакло, било кое средство за оддржување на стакло достапно во отворена продажба, алхохол или неабразивни детергенти се применливи за одржување на стаклото монтирано во вашата кујна.
Дали од топлината на шпоретот може да пукне стаклото?
Употребата на калено стакло целосно ја елиминира можноста за пукање на стаклото поради прегревање или дилатација.